Мелбурн прогласи состојба на катастрофа порад КОВИД-19 и воведе шестнеделен ноќен полициски час

Втората најнаселена австралиска сојузна држава Викторија прогласи состојба на катастрофа и воведе ноќен полициски час во Мелбурн како дел од најстрогите рестриктивни мерки досега во обид да го сопре ширењето на коронавирусот..

Иако беше ставен во шестнеделен карантин, Мелбурн се мачи да го скроти вирусот и денеска регистрираше нови 671 случаи на зараза, како и седум починати од ковид-19. Поради голем број случаи од непознато потекло, во градот се воведени дополнителни мерки, кои ќе бидат на сила шест недели, до 13 септември.

„Со досегашните мерки спречивме илјадници и илјадници нови случаи на зараза, но тие не делуваат доволно брзо“, кажа премиерот на Виктроија, Даниел Ендрјус.

Полицискиот час во Мелбурн ќе биде на сила од 20 до пет часот, кога на петте милиони жители ќе им биде забрането да излегуваат од дома, освен за работа и итни случаи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top