Мендух Тачи реизбран на лидерската позиција на ДПА

По конгресот, се очекува и враќање на пратениците на ДПА во Собранието, со што тие ќе го прекинат двомесечниот бојкот..

Демократската партија на албанците во Тетово денеска го одржува својот 6-ти конгрес. Мендух Тачи ја задржа  лидерската позиција.

Струшкиот градоначалник Зијадин Села конгресот на партијата го оценува како приватна забава на Тачи и Орхан Ибраими, додека лидерот на ДПА  го обвинува за коруптивни афери и непотизам на струшката локална самоуправа.

На најголемиот партиски собир присуствуваат 683 делегати, кои треба да го изберат новото партиско раководство во кое сепак се очекуваат одредени промени со оглед на незадоволителните резултати на ДПА на последните предвремени парламентарни избори.

По конгресот, се очекува и враќање на пратениците на ДПА во Собранието, со што тие ќе го прекинат двомесечниот бојкот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top