Меркел: Христијанството има клучно значење за Германија

Германската канцеларка, Ангела Меркел верува дека христијанството ќе продолжи да го одредува развојот на земјата и покрај приливот на бегалци, претежно муслимани..

„Овие корени (христијанските – н.з.), секако, ќе продолжат да играат одлучувачка улога во нашата земја“, рече таа во интервјуто за списанието „Focus“.

Во исто време, Меркел потсети дека околу 4 милиони муслимани живеат во Германија.

„И тие придонесоа за нашиот развој, тие сега се дел од Германија и го карактеризираат нашето општество“, истакна канцеларката.

Сепак, таа призна дека постојат потешкотии во интегрирањето на мигрантите и треба да се продолжи да со работа на тоа.

Претходно Меркел во неколку наврати изјави дека исламот е дел од Германија, што предизвика остри дебати во германското општество.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top