Меркел најавува можност за датум за преговори во март

Германија ќе настојува кај своите партнери од ЕУ Македонија и Албанија напролет да добијат зелено светло за почеток на преговорите..

Меркел на прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Берлин,посочи дека германската влада има јасен став за иднината на државите на Западен Балкан во ЕУ.

-Пред се, сакаме на следниот состанок на Европскиот совет во март да постигнеме договор за започнување на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Двете земји постигнаа многу. Ние таков став имаме и на последниот Совет.  Сега ќе работиме напорно  во март да има резултати какви што посакуваме.

Според Меркел,  во интерес  не само на државите од регионот, туку и на самата Унија е тие да се интегрираат. Секој што се разбира од геополитика, знае дека земјите од западен Балкан еден ден треба да станат дел од Унијата, порача канцеларката. Таа ја охрабри Европската комисија да биде одлучна во напорите да се постигне таа цел. Со ист оптимизам Меркел истапи неодамна по средбата со хрватскиот премеир Пленковик. Во медиумите ваквите изјави на Германката се толкуваат како порака до францускиот престедател Макрон во чии раце се наога  клучот за деблокирање на стартот на преговорите за Македонија и Албанија. Двете земји во моментов се во исчекување на новата методологија за проширување која треба да биде објавен на почетокот на февруари, а во амрт ке се одржи состанокот на Европскиот совет, на кој се очекува работите да станат појасни.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top