Меркел повика на компромис во коалициските преговори

Германската канцеларка Ангела Меркел во неделата ги повика партиските челници кои преговараат за тричлената коалициска влада да покажат повеќе желба и волја за компромис..

Поддршката на нејзиниот конзервативен блок е на најниското ниво во последните повеќе од шест години. Конзервативците настојуваат да склучат коалиција со Слободната демократска партија (FDP), лидерла-демократи, и со лево ориентираните Зелени.

И покрај тринеделните преговори, меѓу потенцијалните партнери сѐ уште постојат низа разлики кои треба да се надвладеат, како што се прашањата за климатските промени и заштитата на природната средина, енергетиката, транспортот, имигрантите и политиката кон еврозоната.

Во говорот одржан пред состанокот на коешто партиските челници би требало да зборуваат за постигнатиот напредок и за надвладувањето на несогласувањата, канцеларката Ангела Меркел изјави дека сите партии во прв ред ги размениле своите ставови а потоа ги консолидирале различните пристапи изнесувајќи ги меѓусебните разлики.

Лидерот на FDP, Кристијан Линдер, товарот го префрли врз унијата на Христијанско-демократската унија (CDU) на Меркел и нивните баварски традиционални партнери Христијанско-социјалната унија (CSU), со објаснување дека неговата партија и Зелените веќе го завршиле својот дел од работата.

„Зелените и FDP покажаа флексибилност, а сега е редот на конзервативците. Се надевам на добра волја од двете страни“, изјави Линдер.

Катрин Геринг Екард од Зелените изјави дека сака да биди повеќе конкретни потези од другите учесници во преговорите. Зелените во вторникот направија отстапка. Повеќе не инсистираат на точно одреден датум за забрана за возење автомобили со внатрешно согорување и за затворањето на централите на јаглен.

Во FDP, пак, ги прифатија предлогот за поумерено намалување на данокот на приход во однос на предизборните ветувања за намалување до 40 милијарди евра. Линднер, исто така, се откажа од ветувањата од предизборниот манифест за постапно гасење на фондовите од еврозоната за помош на земјите во финансиски тешкотии – ESM.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top