Меркел се надева на датум за Македонија во мај

Самитот на ЕУ во Загреб ќе се одржи на 5 и на 6 мај годинава..

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека се надева оти ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и со Албанија на мајскиот Самит на ЕУ во Загреб.

– Самитот за Западен Балкан што во мај годинава ќе се одржи во главниот град на Хрватска е многу важна работа за Македонија. Се надевам дека таму ќе биде постигнат напредок – истакна Меркел.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top