Меркел смета дека договорот за мигрантите е добар за коалициските разговори, но Зелените се скептични

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот рече дека договорот во нејзиниот конзервативен блок за ограничување на мигрантите ќе помогне во формирањето на нова владина коалиција, но еден од клучните партнери, Зелените, рекоа дека тоа нема да стане.

Христијанските демократи на Меркел (ЦДУ) се согласија со нивните конзервативни ЦСУ Баварски сојузници во неделата да го ограничат бројот на 200.000 на луѓе кои Германија ќе ги прифати годишно на хуманитарна основа, пренесе Ројтерс.

Тоа беше дел од желбата на Меркел да ја придобие сестринската партија за да може да започне разговори со Зелените и Слободните демократи (ФПД) за формирање на коалицијата „Јамајка“ - именувана според црните, зелените и жолтите бои на трите блока, кои се совпаѓаат со знамето на Карипскиот остров.

„Ние постигнавме заеднички резултат кој мислам дека е многу, многу добра основа за да влеземе во прелиминарни разговори со ФДП и Зелените“, рече денес Меркел на заедничката прес-конференција со нејзиниот баварски колега Хорст Зехофер.

Еден од основачите на Зелените Џем Оздемир, изјави за германската медиумска група Функе дека е постигнат формален компромис и дека тој нема да биде дел од евентуалниот коалициски договор.

Тој додаде дека Зелените сакаат праведен и брз законски процес за новодојденците во Германија, ефикасни интеграциски мерки и закон за имиграција со јасни правила и критериуми.

Зелените го отфрлија ограничувањето на приливот на имигранти, за кој се залагаше Христијанско-социјалната унија на Баварија (ЦСУ), што се должи на приливот од 890.000 мигранти во 2015 година и околу 280.000 имигранти во 2016, главно преку Баварија, иако оваа година се очекува доаѓање на помал број имигранти во Германија, наведе британската новинска агенција.

Оздемир, без оглед на тоа, од конзервативците побара побрзо да ги повикаат ФДП и Зелените за да започнат разговори за формирање на коалициска влада.

Еден од лидерите на ЦСУ Томас Кројцер за радиото Дојчландфунк изјави дека оваа партија очекува Меркел да го испочитува договорот, што со нив го постигна вчера за формирањето коалициска влада, бидејќи, како што кажа, тој може да замисли различни сценарија во кои бројот од 200.000 имигранти може да се прилагодува.

Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел вчера постигна договор за чувствителното прашање на миграцијата со своите конзервативни сојузници од Баварија, со што е отстранета пречката за коалициони разговори со другите партии, пренесе Ројтерс повикувајќи се на „два конзервативни извори“ кои се неименувани.

Договорот следеше по дискусијата на водечките членови на ЦДУ со сестринската Христијанско социјалната унија на Баварија (ЦСУ). Меркел неодамна рече дека ќе се обиде да формира владејачка коалиција со Партијата на слободните демократи (ФДП) и Зелените.

Конзервативниот блок составен од ЦДУ и сестринската Баварско христијанска социјална унија за 33 освоени гласови беше победник на изборите на 24 септември.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top