Меркел: Владината коалиција е сигурна

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека спорот за миграционите прашања е надминат и дека истиот не ја загрозил стабилноста на владината коалиција..

“Не можам да ветам дека нема да има и понатаму несогласувања со нашите партнери за други прашања, но тоа не е невообичаено кога владата ја сочинуваат три партии” изјави Меркел.

Претходно, Меркел изјави дека е постигнат добар компромис со политичките партнери за прашањето за миграните.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top