Меркел за Британија: ЕУ е подготвена да ги продолжи преговорите

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека ЕУ е подготвена да ги продолжи преговорите со Велика Британија за нивните односи после Брегзит, пренесе агенцијата „Ројтерс“..

Изјавата на германската канцеларка следи откако британскиот премиер Борис Џонсон им пораќа на британските компании да се подготват за Брегзит без договор.

„Видовме светло во последните неколку дена, но и сенки“, рекла Меркел на конференција за новинари по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Времето врши притисок и би било добро за двете страни да постигнат договор, но не по било која цена, додала германската канцеларка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top