Меркур ни приреди ретко небесно шоу „шетајќи“ се помеѓу Земјата и Сонцето

Најмалата планета на Сончевиот Систем, Меркур, која е и најблиску до Сонцето, завчера приреди ретко небесно шоу кога помина помеѓу Земјата и Сонцето и предизвика минијатурно помрачување..

Транзитот на Меркур, како што се нарекува појавата, заврши во 18:04, средното време по Гринич, а беше видлив од сите делови на Земјата.

Со добар телескоп планетата можеше да се види како минијатурна црна точка на заслепувачката површина на Сончевиот диск.

Транзитот на Меркур беше видлив во Америка, Нов Зеланд, Европа, Африка и Западна Азија. НАСА претходно предупреди дека транзитот не треба да се набљудува без заштита.

Настанот претставуваше вистинска возбуда во астрономската заедница бидејќи се случува 13 пати во еден век. Последно се случи во 2016 година, а следниот транзит ќе биде дури во 2032 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top