Месец на одлука: Овој месец Интер го чекаат пет дерби натпревари!

Пред Антонио Конте и Интер е можеби период кој ќе ја одлучи сезоната..

Интер вчера славеше против Удинезе со 2.0 и остана на -3 во однос на Јувентус во Серија А. Меѓутоа третопласираниот Лацио има два бода помалку, но и натпревар помалку од Интер и Јувентус. Ако во среда Лацио слави во заостанатиот натпревар против Јувентус ќе го прескокне Интер и ќе дојде на еден бод од Јувентус.

Тоа можеби е помал проблем, поголем проблем е распоредот на „нероаѕурите“.

Интер во недела го чека големото градско дерби со Милан во кое не ќе може да смета на Лаутаро кој е суспендиран и повредениот Самир Хандановиќ. Само три дена подоцна Интер на „Џузепе Меаца“ ќе го пречека Наполи во првиот натпревар од италијанскиот куп.

Четири дена подоцна црвено-сините ќе гостуваат во Рим кај Лацио. Ситуацијата е таква што најавува дека победникот од тој натпревар ќе остане во жестока трка со Јувентус, додека поразениот сигурно би направил голем чекор назад во борбата за Скудето.

Тука не завршуваат тешките натпревари за Интер. Во меѓувреме ќе играат двомеч против Лудогрец во Лигата на Европа, па ќе ја пречекаат Сампдорија, потоа на 1. март ги очекува големото дерби против Јувентус во Торино, за четири дена подоцна да гостуваат кај Наполи во реваншот од полуфиналето во упот.

Значи, Интер после овој месец ќе знае на што е во борбата за Скудетото и дали ќе се бори за трофејот во финалето на купот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top