Мешањето ајвар пред зграда не е казниво дело!

Сезоната за правење зимници е во полн ек. Многу од граѓаните се жалат дека се уште не им е јасно дали правењето ајвар пред зграда е казниво дело.

Сезоната за правење зимници е во полн ек. Многу од граѓаните се жалат дека се уште не им е јасно дали правењето ајвар пред зграда е казниво дело и не знаат дали да ги палат ќумбињата. 

Според Законот за јавна чистота нигде не е предвидено дека правењето ајвар на јавни површини е казниво дело. Она што е казниво е всушност поставувањето на ќумбиња на отворено, палење оган и оставање неред. И покрај тоа што по овој основ инспекторите може да казнуваат, тие признаваат дека досега ниту еден граѓанин не е казнет затоа што правел зимница на јавни површини.

Законот за јавна чистота стапи на сила во 2008 година. Ако претходно инспекторите можеа само да ги опоменуваат граѓаните со новиот Закон се додаде и мандатната казна. Ако инспекторот изрече мандатна казна на некој граѓанин којшто пали оган на јавни површини или остава отпад тој ќе треба да плати 50 евра.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top