Меси ги запали навивачите: Имаме „нов Чави“ во тимот

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ги користи деновите одмор откако одлучи привремено да не игра за аргентинската репрезентација..

Како резултат на тоа, вечерва гостуваше на клупската телевизија на Барселона во своето прво интервју како капитен на тимот. Зборуваше на неколку теми, а навивачите се запалија откако најави дека во екипата има играч кој со своите карактеристики неодоливо потсетува на Чави.

„Новите играчи се одлични. Јас не знаев многу за Артур, но тој е многу сличен на Чави. Топката е сигурна кај него, го има тој стил на фудбалерите од Ла Масија. Игра кратки проигрувања, не ја губи топката и брзо преминува во пресинг”, смета Меси.

Артур уште не доби вистинска шанса во Барселона, но се очекува тоа да се случи во следниот период.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top