Меси го советувал Дибала: Само немој во Реал Мадрид!

Шпанскиот медиум Дон Балон во денешното издание тврди дека Лео Меси го убедувал Пауло Дибала во иднина да ја одбие секоја понуда која би пристигнала од Реал Мадрид..

Дибала е играч кој честопати е поврзуван со екипи како Реал или Манчестер Јунајтед, но се уште нема конкретно ништо, бидејки од Јувентус се со став дека сакаат да го задржат Аргентинецот.

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри меѓу останатот, предупреди дека Дибала не може да игра како најистурен напаѓач за некој од големите европски екипи.

Дибала не може да игра на позиција 9 во некој клуб каде би бил тој најистурен играч. Само погледнете ги неговите најдобри голови, тој знае да претрча многу од подлабоки позиции на теренот“, смета Алегри.

Дибала е моментално на рехабилитација бидејки пред неколку дена се повреди, а веднаш по враќањето на терен, повторно ќе продолжат шпекулациите за неговата иднина и околу тоа дали ќе остане во Јувентус следното лето.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top