Меси како страшило: Како Флорентино го убедил Роналдо да остане во Реал

Францускиот магазин Франс фудбал деновиве објавува низа интересни информации за кариерата на Кристијано Роналдо..

Една од позанимливите е онаа од 2012 година португалскиот ас бил пред заминување од Реал Мадрид и пред трансфер во ПСЖ. Роналдо тогаш му испратил порака на пријател, но таа набрзо стигнала до Флорентино Перес.

„Сакам да одам во Париз, таму луѓето навистина ќе ме сакаат. Французите ќе бидат толку среќни што ќе играм кај нив што ќе прават кампања во моја корист за Златната топка”, напишал Роналдо.

Кога Флорентино дознал за пораката, веднаш одговорил и тоа на карактеристичен начин.

„Најди ми клуб кој ќе извади 200 милиони евра на маса за тебе. Со тие пари ќе ја платам откупната клаузула за Лионел Меси кој ќе те замени”, порачал претседателот на Реал.

Во 2012 година Реал ја освои првата шампионска титула во Ла Лига со Роналдо во тимот, но тој не беше во добри односи со Жозе Мурињо. И покрај ова, вечно ќе остане да лебди прашањето дали воопшто Лионел Меси ќе прифатеше да игра за Реал Мадрид.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top