Меси: Ми недостасува Кристијано Роналдо

На аргентинецот му недостига неговиот најголем ривал, Кристијано Роналдо.

„Ми недостасува Кристијано. Ми беше тешко да гледам како освојува трофеи, но на Ла лига и даваше престиж“ рекол Лео Меси на гостувањето во аргентинското радио „ФМ Клуб 947“. Меси ретко дава интервјуа, но овојпат кажа многу пофалби за најголемиот противник.

Реал Мадрид не се снајде во првата сезона без Роналдо и допушти Барселона да побегне 12 бода во Ла лига.

„Откако им стигна Роналдо, Јувентус е голем фаворит за освојување на Лига шампиони. Мечот против Атлетико им даде голема самодоверба“ – вели Меси.

Аргентинецот издвои неколку играчи за кои смета дека се најдобрите во светот.

„Не сакам никого да заборавам, но по мене најдобри се Нејмар, Мбапе, Азар, Луис Суарез и Агуеро. Кристијано Роналдо не го споменав, него ог издвојувам од оваа листа, мислам дека ние двајца сме на исто ниво“ – смета Меси.

Меси целата кариера е во Барселона и со клубот освои 4 трофеи во Лигата на шампиони и 9-пати беше првак на Шпанија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top