Меси му се придружи на Роналдо, но со 63 натпревари помалку

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси синоќа ја мина границата од 400 лигашки голови во кариерата, погодувајќи во дуелот со Еибар..

Со тоа, тој стана прв фудбалер кој постигнал 400 голови во едно првенство, но втор кој има 400 лигашки голови. Пред него истото му успеа само на Кристијано Роналдо, но тој ги подели 409. погодоци во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и сега Јувентус.

Она што е многу поинтересно е што на Меси му требаа 63 натпревари помалку од Роналдо за да стигне до бројката од 400 гола.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top