Меси остана во Барса, сега ќе атакува на четири рекорди

Можеби не е комплетно среќен што остана во Барселона, сега и без Суарес, но никој не се сомнева дека Лионел Меси ќе го даде својот максимум во сезоната што претстои..

Барса во неа влегува по катастрофалната натпреварувачка сезона во која не освои ништо, а и атмосферата во клубот е разнишана по дебаклите што ги доживеа во првенството и Лигата на шампионите. Сепак, и понатаму се ќе се врти околу Меси кој е најдобар фудбалер на сите времиња и во новата сезона може да собори барем четири рекорди: два од нив се на Чави, а по еден на Пеле и Гигс.

Првиот на Чави се однесува на бројот на одиграни натпревари за Барселона. Легендарната „шестка“ одигра 767, а Меси досега има 731 што значи дека му недостасуваат 37 за да го собори овој рекорд. Вториот е во однос на сезоните поминати во дресот на каталонскиот клуб. Чави, заедно со Рексач имаат по 17 и ако Меси остане, ќе се израмни со нив.

Третиот рекорд е на Пеле – број на постигнати голови за еден клуб во кариерата. Бразилецот постигна 643 за Сантос, Меси сега има 634 и му недостасуваат 10, па овој рекорд многу веројатно ќе падне веќе до крајот на годината.

Најтешкиот е оној на Гигс, за бројот на освоени трофеи со еден клуб. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед со „ѓаволите“ стигна до 36, а Меси има 34 со Барса. Но, ако се има предвид дека Барселона минатата сезона не освои ниеден пехар, тешко е да очекува дека претстојната ќе дојде до тројна круна.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top