Меси се вклучи во борбата против коронавирусот и не штедеше за Барселона

Лионел Меси се вклучи во борбата против коронавирусот со тоа што и помогна на градската болница во Барселона да ја набави неопходната опрема..

Меси според информациите на шпанските медиуми на болницата Клиник, која е најголема во Барселона, и дал донација во износ од 1 милион евра со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Оваа вест ја потврдија и од самата болница.

„Лео Меси донираше пари во борбата против вирусот Ковид-19. Лео, фала на поддршката“, стои во соопштението.

Тука не е крајот, Меси исто така донираше непозната, но великодушна сума и во својата татковина Аргентина каде ситуацијата сепак е постабилна и полесна.

За потсетување, ден претходно, Пеп Гвардиола исто така донираше милион евра во својот град Барселона.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top