Меси синоќа сруши неколку рекорди и се израмни со Кристијано Роналдо

Лионел Меси одигра фантастичен натпревар во победата на Барселона над Бетис со 4:1..

Аргентинецот постигна хет-трик, а особено воодушевија првиот и третиот гол на мечот. Голот за 1:0 Меси го постигна на фантастичен начин од слободен удар.

Уште поубав беше третиот гол на Меси кој го постигна во 85. минута кога со лоб удар го матираше голот на Бетис.

Аргентинецот синоќа сруши неколку рекорди. Тој стана првиот играч кој постигнал пет гола директно од слободен удар во една од петте најсилни лиги во Европа и Лигата на шампионите сезонава.

Потоа тој дојде до бројата од 600 постигнати гола за сите селекции на Барселона, односноно првиот тим (589), Барселона Б (6) и Барселона Ц (5).

Покрај тоа, Меси со новиот хет-трик се израмни со Кристијано Роналдо по бројот на хет-трикови во Примера и сега двајцата играчи имаат по 34 вакви достигнувања.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top