МЕСТАТА ВО СВЕТОТ ДО КАДЕ ШТО ДОСТИГНУВААТ ПРОЕКТИЛИТЕ НА СЕВЕРНА КОРЕЈА

За Северна Кореја, 2017 година е одбележана преку ракетните тестирања.Од февруари земјата спроведе 15 теста, од кои повеќето беа успешни. Тие вклучуваа лансирање ракета над Јапонија и нуклеарен тест во септември, кој предизвика потреси на границата со Кинa.

Експертите веруваат дека сега Северна Кореја има потенцијал да го погоди Њујорк со голем број ракети, особено поради неволноста на претседателот Доналд Трамп да се повлече од нивниот растечки спор. 

Се поставуваат прашањата дали тие навистина можат да лансираат ракети во САД? А што е со остатокот од Европа и Велика Британија? „Еј-би-си њуз“ ги истражувал сите ракети што Северна Кореја досега ги тестирала и ја проучил нивната потенцијална траекторија. 

Праволиниски проектили со краток дострел

Некои од овие проектили можат да се лансираат до 1.000 километри далечина. Локациите на кои најмногу можат да се лансираат се:

-  Јужна Кореја
-  Осака, Јапонија

Балистички проектили со среден дострел

Можат да се лансираат на далечина од 2.000 километри. Ова се поставува како закана за следните локации:

-  Цела Јапонија, вклучувајќи го Токио
-  Североисточна Кина
-  Источна Монголија
-  Југоисточна Русија

 Проектили од подморница

Досега само 3 од 6 вакви тестирања биле успешни за Северна Кореја. Во моментов ваквите проектили имаат краток дострел од само 1.200 километри, но имаат потенцијал да достигнат и 2.800 километри, што значи дека заканата останува во Пацификот.

 Балистички проектили со среден опсег

Овие проектили имаат поголем дострел, до 4.500 километри, но само 3 од 14 теста биле успешни за Северна Кореја. Проектилите би достигнале до:

-  Поголемиот дел од Кина
-  Цела Источна Русија
-  Американската територија на Гуам

Интерконтинентални балистички проектили

Северна Кореја досега тестирала само 2 вакви проектили, и тоа успешно. Имаат дострел од 8.500 километри, па се закана за следниве локации:

-  Среден Исток
-  Индија
-  Цела Источна Европа
-  Турција
-  Грција
-  Скандинавија
-  Германија
-  Североисточна Италија
-  Шкотска
-  Северна Англија
-  Североисточен Египет
-  Северна Сомалија
-  Поголем дел од Австралија, со Перт и Бризбејн
-  Алјаска, САД
-  Северот и Западот од САД (Пацифик)
-  Западна Канада

Други проектили

Неодамна Северна Кореја успеала да тестира и проектил со максимален дострел од 10.000 километри. Ризично е за следните места: 

-  Австралија
-  Оукленд, нов Зеланд
-  Европа
-  Египет
-  Тунис
-  Поголем дел од Либија
-  Поголем дел од Источна Африка
-  Лос Анџелес, САД
-  Вашингтон, САД
-  Њујорк, САД
-  Северозападно Мексико

 Проектили за вселенско лансирање

Северна Кореја има и вселенско возило кои дозволува земјата да испраќа оружја во орбитата. Дострелот е 15.000 километри, па тоа може да претставува закана за цела планета. За среќа, ова е тестирано само со светлосни ракети. Единствените локации што се смета дека не се под закана од овие проектили се следните:

-  Бразил
-  Аргентина
-  Чиле
-  Боливија
-  Перу
-  Парагвај
-  Уругвај
-  Јужен Еквадор
-  Јужна Венецуела
-  Јужна Колумбија
-  Јужна Гвајана
-  Јужна Суринаме
-  Јужна француска Гвинеја
-  Делови од Антарктикот
 
Иако ова изгледа загрижувачки, поголемиот дел од проектилите на Северна Кореја не се тестирани, а најчесто се користат со нивните проектили со краток дострел, кои можат да стигнат само до нивните соседи на Пацификот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top