Мичел: Договорот од Преспа е можност Македонија да стане 30.земја членка на НАТО

Македонија е пред историска шанса да стане 30 земја членка на НАТО, но дали ќе ја искористи оваа шанса зависи единствено од волјата на македонските граѓани..

Со ваква порака Вес Мичел доцна попладнево во куса изјава за медиумите, дури три пати ги повика граѓаните на 30 септември да излезат и да го остварат своето основно демократско право, без разлика дали се за или против.

На Македонија во овој момент и се потребни лидерство и единство вели премиерот Заев, убеден дека мнозинството граѓани ќе го поддржат референдумот бидејќи се јасно определени за европска Македонија.

Јасен став за референдумот Мичел денеска побара и од лидерот на опозицијата. Мицкоски пак и пред  помошник американскиот  државен секретар за Европа и Евроазија, повторил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува стратешките цели за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ и дека на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник, но дека договорот со Грција за опозицијата е неприфатлив.

Високиот функционер на Стејт депарментот, од Скопје доцна попладнево замина во Атина, каде ќе остави повеќе средби со грчкиот државно-политички врв.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top