Мицкоски: Ако освоиме 80 пратеници ќе го вратиме името Република Македонија

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски вети дека има намера да го врати името Република Македонија..

Во интервју за Алсат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека доколку на следни избори неговата партија освои 80 пратенички места, односно го има условот „Бадинтер“ ќе ги вратат уставните измени.

„За да се случи чекор назад, правно, легалистички, на нас ни се потребни 80 пратеника во Собранието и условот „Бадинтер“. Доколку го имаме ова, ние ќе се вратиме чекор назад и ќе ги вратиме уставните измени“, изјави Христијан Мицкоски – лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски не даде објаснување што ќе се случи со меѓународниот договор со Грција т.н Преспански договор со кој настана промена на уставот и името на државата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top