Мицкоски бара Комисјата за заразени болести да биде разрешена

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски би прифатил нова лидерска средба кај претседателот Пендаровски, на која би се разговарало за здравјето на граѓаните и за иднината на државата..

Според Мицкоски, Македонија е единствена земја во светот која го живее новиот бран на ковид-19, обвинувајќи дека тоа е последица на лошото менаџирање на системот и политичкиот диктат врз Комисијата за заразни болести од Зоран Заев, за која побара нејзино разрешување.

„Многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки, и да, точно е, и јас и целата јавност на почеток безрезевно дадовме поддршка на нивната работа. Затоа што верувавме дека се водат по Хипократовата заклетва, но се покажа дека тие се водат по диктатот на Заев. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџовски и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев“ – изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Тој смета дека власта нагло ја промени реториката, па од фалење дека успешно се справува со кризата, сега вината ја бара кај народот во зголемениот број на заразени.

„Велат дека виновен бил народот, а туку таму и Наќе, јас, за да биде целото бегство од одговорност комплетно и истата да се префрли на друг и сето тоа да добие политичка примеса. Вистината е дека не е виновен народот туку лошо водениот систем, а Наќе Чулев е професионалец кој спроведува одлуки од владата и за зал политизираната Комисија за заразни болести“ – рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ нема страв од избори, туку страв од загубени животи“, истакна Мицкоски. Тој побара власта да престане со лицитирање на можни датуми за избори, бидејќи приоритет мора да биде здравјето на граѓаните.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top