Мицкоски: Бараме оставски од министрите за внтрешни и надворешни работи

Мицковски го повтори обвинувањето дека растат притисоците против членови на ВМРО ДПМНЕ и најави дека протестите ќе продолжат..

Оставка од Министрите за внатрешни и надворешни работи, Димитров и Спасовски, почитување на волјата на граѓаните на референдумот, побрза гасификација за намалување на загаденоста на воздухот, Владата да се откаже од зголемување на даноците, но и формирање на независно тело што ќе го истражи последниот случај со прислушување судии и обвинители. ВМРО-ДПМНЕ од денешниот протестен марш во Кочани испорача шест барања до Владата.

„ Да се формира независно тело кое ќе го предводи човек од опозицијата и ќе ги преслуша,  анализира и систематизира сите матерјали во изминатите две односно прислушувањето на сите судии и обвинители." - изјави Христијан Мицковски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Мицковски рече дека Владата предводена од Зоран Заев ја завитакла државата во црнила, уценува и рекетира неистомислници, а во исто време и му го уништува идентитетот на народот.

„Така жестоко ќе ве порзиме што нема да знаете што ве снашло." - вели Мицковски.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top