Мицкоски: Членови на СДСМ ми кажуваат дека се каат што гласале за нив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување на вестите на телевизија Алфа рече дека му приоаѓале членови и поддржувачи на СДСМ и му кажувале дека се каат што гласале за нив..

-Велат Г-не Мицкоски. Ние сме членови на СДСМ со членски, потенцираа. Велам да повелете како може да ви помогнам? Ние ги поддржавме, но никогаш не можевме да поверуваме во какво зло поддржуваме. Ова што ни се случува. Им одговорив дека го направиле она што сте мислеле во тој момент дека е потребно за државата и за партијата се разбира, рече Мицкоски.

Тој додаде дека не само што не треба да му се верува на Зоран Заев, туку мора да се почне да се разобличува до таа мера, за да има предвремени парламентарни избори и единственото решение е да замине, како што рече, ова зло на предвремени парламентарни избори.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top