Mицкоски до Заев: Македонија ќе ти врати за сите недела кои што и ги направи

Откако во текот на вчерашниот ден беа приведени тројца високи екс функциониери меѓу кои е еден актуелен пратеник во Собранието, опозицискиот лидер свика прес коференција..

Христијан Мицкоски гневен на Заев поради приведените сопартијци му порача дека еден ден ќе плати за неговите недела.

„Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола, овде е проблемот деспотот Заев и неговите уцени, тоталирани напади, жигосувања, потпалувања, неморални подметнувања, си игра со судбини на луѓе, уценувајќи. И овде нема губитници и поразени, сите губат. Со ваква Кацарска судство и Рускоска обвинителство нема ниту правда, ниту правдина. Заев нема бегање од поразот кој ти следи. И запамети Македонија ќе ти врати за сите недела кои што и ги направи“, кажа опозицискиот лидер.

Мицкоски исто така додаде дека колку и „да притиска и да се заканува Заев спас му нема“.

-Сакам д ати порачам деспоту Заев за ова што го правиш еден ден, а ти ветувам многу брзо ќе дојде тој ден, ќе одговараш и ти и твоите соработници, врхушката и министрите, а и обвинителите и судиите кои ти слугуваат. Се ќе се преиспита и ќе стане јасно. Многу високо си летнат ама драматично ќе паднеш, сети се на Милошевиќ и на Чаушеску. И тие мислеа дека се недопирливи, ама знаеш како завршија“, посочи Мицкоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top