Мицкоски: Има можност да се направи чекор назад за Преспанскиот договор

Мицкоски гостуваше на телевизијата „Клан Македонија“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизијата „Клан Македонија“ рече дека со Преспанскиот договор штетата е веќе направена и уништено е достоинството на сите граѓани на Македонија, но може да се направи чекор назад.

-Има можност да ја поправиме таа штета, но под услов тоа да е според Уставот и законите. За тоа ни треба дво-третинско мнозинство, односно 80 пратеници, или Бадинтерово мнозинство. Тоа е реалноста, јас нема да ветувам ништо, само за да стигнам на власт, рече Мицкоски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top