Мицкоски ја напушти лидерската средба и побара Заев да свика нова

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба, која почна пред час и половина во Клубот на пратеници..

Тој рече дека изразил револт поради форматот на средбата. Мицкоски упати апел до Заев да свика нова средба најдоцна до понеделник, но во стариот формат два плус два, односно меѓу лидерите на четирите најголеми партии.

Тој ги обвини владејачките партии за девијантно однесување поради поднесувањето на измените во Изборниот законик.

– Исто така како ВМРО-ДПМНЕ изразивме сериозен револт и несогласување и негодување на девијантното однесување од страна на владините претставници и владејачкото мнозинство во текот на вечрашниот ден кога на еден начин неделовнички којшто досега не беше пракса во политичкиот живот во Република Македонија се утврди потребата од промена на Изборниот законик без поддршка на најголемата опозициска партија, а се со цел да се намали потребниот број пратеници кога се усвојува составот на ДИК од 80 на 61, рече Мицкоски, додавајќи дека тие како ВМРО-ДПМНЕ изразиле револт и ги кажале причините поради кои го напуштаат овој состанок на парламентарните политички партии.

Средбата на лидерите на парламентарните партии кои имаат повеќе од еден пратеник и по напуштањето од страна на Мицкоски продолжува во Клубот на пратениците.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top