Мицкоски: Kако дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија, како поминаа граница?

Kако дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за луѓето кои патуваа со Визер кон Финска, а биле позитивни..

Kако дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за луѓето кои патуваа со Визер кон Финска, а биле позитивни. 

Прашува дали ова ли е ситуација под контрола. 

„Како поминаа граница? Како поминаа на аеродром“, прашува Мицкоски.

Вели дека поради ваквите состојби, македонските граѓани се во кафез.

„Две контроли кои што треба да ги спроведе државата една на граничниот премин преку кој што овие лица влегле во Македонија и една на самиот аеродром покажале резултати различни од оние кои што ги покажале аеродромските власти во Финска. Како влегле тие? Директно влегле во авион? Тоа е прашањето и затоа денеска сме рекордери. Затоа македонските граѓани денеска се во кафез, заклучно со септември, и не можат да патуваат во ЕУ. И ова се тие политики. И нема да ме чуди ако овој кафез продолжи до крајот на 2020-тата година. Ова се тие политики кои што мора да ги победиме“, вели Мицкоски. 

Ова го потврди надлежната министерката за семејни работи и за социјалните услуги Криста Кијуру, откако властите дозволија летови од Скопје и од Букурешт, но потоа забележително се зголеми бројот на нови случа и на Ковид-19 во скандинавската земја.

Со коментар „Епидемијата е на Балканот“ Кијуру најави дека од авиокомпаниите ќе се бара да ги известат своите патници, доколку можат, дека треба да бидат подложени на задолжителен тест за коронавирус по нивното пристигнување во Финска. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top