Мицкоски ќе бил контролор на работењето на Обвинителството со поседување на документи од истрагата „Рекет“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Алсат М рече дека тој не смета дека со поседувањето на исказите и наредбите од истрагата „Рекет“ ги обесхрабрува оние кои можеби можат да помогнат во истрагата да дадат и.

Напротив, со тоа што тој поседува документи кои по закон не смее никој да ги поседува, им давал сигурност на оние кои сакаат да пријават, бидејќи тој ќе бил контролор на работењето на обвинителката Вилма Русковска.

-Моето искуство со луѓето кои се жртва на арамиите кои се на власт е дека немаат доверба во ова судство и затоа не сакаат да ги пријават овие притисоци, кога јас ќе им речам дека ВМРО-ДПМНЕ не место каде треба да пријават, туку да одат во обвинителство. 

Тие ќе се почувствуваат посигурно доколку има контролор кој ќе го мониторира работењето на Рускоска, зашто некој од страна ќе го следи работењето, дали навистина работи, или само сака да го затвори случајот и да рече нема дело. Луѓето се охрабрени кога знаат дека некој ќе го монитотира необјективното работење на Русковска, смета Мицкоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top