Мицкоски ќе го „руши“ Заев - За СДСМ ова е тотално фијаско на Мицкоски

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за заштита на криминалот..

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинува Заев ги штити инволвираните во случајот „Рекет“, а доказ, според опозицискиот лидер е тоа што специјалната обвинителка, Катица Јанева се уште не е во притвор. Бара надлежните да ја интензивираат истрагата и да ги откријат вистинските организатори на рекетот. Мицкоски дециден дека власта мора да се охрабри да ги организира избори. Во спротив опозицијата е подготвена да излезе на масовни протести.

По случајот „Рекет“ власта мора да отстапи од дел од своите барања за Законот за јавно обвинителство, особено во делот на СЈО смета Мицкоски. Опозицијата предлага државниот обвинител ги преземе сите постапки на специјалните обвинители, дури и оние отворени по истекот на рокот за обвиненија.

За владејачката партија Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ доживуваат фијаско. А, на најавите за протести гледаат како на обид за заштита на осомничените за криминал од претходната власт.

Костадинов праша зошто Мицкоски се среќавал со еден од осомничените во „Рекет“ и што примил од него. Мицкоски вели ако има доказ дека сторил криминал сам ќе се пријави во притвор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top