Мицкоски: Не прифаќаме промена на името и Уставот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршувањето на лидерската средба, на која беше запознат со предлогот за промената на името, Република Илинденска Македонија, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е против промената на името..

-ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и на уставното име. Целиот процес се одвиваше тајно, загрозувани беа националните интереси на државата, целта е јасна влез во НАТО и ЕУ, но траекторијата е ризична. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, истакна Мицкоски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top