Мицкоски: Оваа Влада блеска со измамите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Твитер налог упати критики кон актуелната власт, поради најавената плата од 500 евра..

„Едно од клучни ветувања на премиерот Заев беше 500€ просечна плата. Согласно ДЗС таа во првиот квартал од 2019 изнесувала 24 433 денари, што е за нешто повеќе од 5 проценти помалку од декември 2018. 

Оваа Влада блеска со измамите, како оваа дека ќе има 500€ просечна плата“, вели Мицкоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top