Мицкоски поканет, но не дојде на прославата во вилата Водно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го прослави празникот Илинден одделно од власта..

Тој одржа говор во струшкото село Ташмаруништа, на сцена каде фотографијата на Гоце Делчев доминираше покрај државното знаме. 

Лидерот на опозицијата му пренесе остра порака на премиерот Зоран Заев да не се осмелува да продолжи да го менува националниот идентитет, како што рече, преговарајќи со Бугарите за националните херои.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, иако беше поканет, не присуствуваше на манифестацијата за Илинден чиј домаќин беше претседателот Стево Пендаровски во претседателската вила. 

На прославите на Мечкин Камен и во Пелинце имаше делегации од ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top