Мицкоски: Разочараноста кај граѓаните е очигледна, тоа е реалноста во Република Македонија

Христијан Мицкоски повторно ја искритикува владата на Република Македонија.

-Од оние метафори и ветувања коишто се случуваа за време на предизборните кампањи и во локалните и во предвремените парламентарни избори за жал се случува едно големо нула, дури и уназадување на голем број процеси. Разочараноста кај граѓаните е очигледна, тоа е реалноста во Република Македонија, наспроти оние скапо платени кампањи пропаганди кои што деновиве ги гледаме на телевизиите и порталите во Република Македонија. За жал сочувствувам со сето она кое што го чувствуваат нашите граѓани бидејќи јас сум дел од нив и сите ние како ВМРО-ДПМНЕ, како народна партија сме дел од граѓаните и помеѓу граѓаните. Сочувствуваме со болката и разочараноста која што ја чувствуваат и во име на тоа ќе ја  изготвиме програмата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира пред македонската јавност, рече Мицкоски и додаде:

„Програма која што ќе даде голем број одговори на сите оние реални проблеми кои што ги чувствуваат граѓаните, да даде одговори како да се постигне поквалитетен живот, како да напредува македонската економија и да се обезбедат поголем број квалитетни работни места, силно платени места. Да се донесат поголем број странски инвестиции, истовремено да се обезбеди и позитивна клима за домашните инвеститори. Како да направиме повеќе реформи во образованието, да ги направиме социјалата и здравството конкурентни. Тоа се оние предизвици кои што за нас живот значат, кои се главен мотив затоа што се занимаваме со оваа професија, а тоа е политиката“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top