Мицкоски вели ја презема Интегра, од Интегра велат дека ќе го преземат приматот на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одржа прес-конференција пред партиското седиште заедно со поранешниот потпретседател на Интегра Воислав Зафировски, на која соопштија дека раководните структури на Интегра преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ..

За лидерот на Интегра Љупчо Ристовски, Мицкоски кажа дека бил плаќан од други партии за да делува како лажна опозиција и да прави раздор во опозицијата.

Од Интегра веднаш реагираа со соопштение во кое велат дека „никакви раководни структури не преминуваат во ДПМНЕ, тоа е болна желба во умовите на удбашките структури кај нив. ВМРО-ДПМНЕ во својата немоќ да се поврати од пропаста, прибегнува кон подли методи на клиентелистички поткуп, уцени и закани кон лидерството на ИНТЕГРА, свесни дека како партија и идеологија го губат тлото под нозете и дека ИНТЕГРА го презема приматот во опозицијата врз македонските национални интереси“.

За Зафировски од Интегра кажаа дека минатиот месец со едногласна одлука на Претседателството е разрешен од сите раководни позиции во партијата поради преминат праг на морална грешка.

Интегра освои над 12 илјади гласови на предвремените парламентарни избори на 15 јули, но не успеа да освои пратенички мандат.

Извор: Сакам Да Кажам


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top