Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник во првиот круг, еве видовме кој е прегазен на овие избори

И покрај тоа што Гордана Силјановска Давкова во првиот круг од претседателските избори освои околу четири илјади гласови помалку од Стево Пендаровски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека Силјановска е апсолутен победник..

-ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова е апсолутен победник и има освоено 42,5 проценти од гласачите кои излегоа да гласаат и тоа е завршено. Во 47 општини Силјановска е победник. Силјановска апсолутно го порази Пендаровски. Еве видовме кој е прегазен на овие избори. За мене ова е историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top