Мицкоски: ВМРО избра иден претседател, а државата доби мајка на нацијата

Тој додаде дека е уверен во победа и во првиот и во вториот круг на претстојните претседателски избори..

ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција избра иден претседател на Република Македонија, а државата доби мајка на нацијата во следните 5 години, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски откако делегатите со убедливо мнозинство ја избраа Гордана Силјановска за кандидат за претседател.

-Ние сме задоволни од се она што се случуваше во изминатиот период, од демократската процедура внатре во партијата. Сите кандидати што се пријавија имаа можност да ја презентираат својата визија за иднината на РМ. Конвенцијата и делегатите со апсолутно мноизнство го избраа кандидатот што според нивното мислење остави најдобар впечаток – рече Мицкоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top