Мицкоски: Во САД лобиравме за интересите на државата и информиравме за политичкиот терор

Христијан Мицкоски при неговата посета на САД, даде интервју за Гласот на Америка на македонски јазик во кое рече дека на средбите лобирал за интересите на Македонија, но и дека ги информирал соговорниците на политичкиот терор кој се случувал во Македониja.

-Ги искористивме овие разговори и средби за да лобираме за интересите и да ги претставиме подобро интересите на Република Македонија пред овие влијателни луѓе за да можеме на вистински начин да ја доловиме атмосферата која што во моментов е во Република Македонија, но исто така моравме да ги информираме нашите соговорници и за политичкиот терор во Република Македонија, застојот во реформските процеси и назадувањето од аспект на економските реформи, рече Мицкоски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top