Мицковски: Новите членови на ИК се силно мотивирани индивидуи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски по заршувањето на Централниот комитет на партијата на кој беа избрани новите членови на Извршниот комитет рече дека тие ќе дадат дополнителна вредност на партијата..

-Денеска на дневниот ред беа неколку точки. Меѓудругото беа избрани членовите на новиот состав на Извршниот комитет на партијата. Јас како нивен предлагач сметам дека новиот состав ќе даде дополнителна вредност, станува збор за силно мотивирани индивидуи, луѓе коишто голем дел од својот живот поминале во партиските структури.

Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ многу брзо ќе застане на здрави нозе и ќе можеме што е можно поскоро да издејствуваме предвремени парламентрални и ВМРО-ДПМНЕ да ја формира идната влада, рече Мицковски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top