Мицотакис: Ако Договорот од Преспа падне, преговорите од почеток

„Нова демократија“ ќе гласа против Договорот од Преспа, а другата страна треба да знае дека, ако не биде изгласан од грчкиот парламент, тогаш преговорите почнуваат од почеток, порача Кирјакос Мицотакис.

„Нова демократија“ ќе гласа против Договорот од Преспа, а другата страна треба да знае дека, ако не биде изгласан од грчкиот парламент, тогаш преговорите почнуваат од почеток, порача Кирјакос Мицотакис, лидер на најголемата грчка опозициска партија од Солун за време на неговиот говор во рамките на 83. Меѓународен саем, јави дописничката на МИА од Атина.

„Сакам од овде, од престолнината на Македонија, да испратам една јасна порака до сите. „Нова демократија“ ќе гласа против овој договор дали сега, дали во следниот парламент. А, ако на крај договорот што го потпиша „СИРИЗА“ не биде ратификуван од парламентот, тогаш и другата страна треба да знае дека преговорите започнуваат од почеток“, рече Мицотакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, додека Мицотакис говореше за Договорот од Преспа, присутните во салата на Меѓународниот саем, на неколку пати го прекинаа со силни аплаузи.

„Тешка сенка паѓа врз Северна Грција. Тоа е Договорот за скопското прашање кој го потпишаа господата Ципрас, Коѕијас и Каменос во отсуство на грчкиот парламент и на грчкиот народ. Договор на срамот кој за прв пат отстапува македонски идентитет и македонскиот јазик на нашите соседи“, истакна Мицотакис и додаде дека уште посрамен е обидот на актуелната грчка влада „да ги карактеризира радикални десничари оние кои излегуваат на протести“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, додека Мицотакис говореше за Договорот од Преспа, присутните во салата на Меѓународниот саем, на неколку пати го прекинаа со силни аплаузи.

„Повторно му велиме на господинот Ципрас дека вистинските патриоти не се националисти. И дека екстремните националисти не се патриоти“, рече Мицотакис.

Во присуство на поранешните премиери и претседатели на „Нова демократија“, Костас Караманлис и Андонис Самарас, Мицотакис во традиционалниот говор на саемот, овојпат под мотото „Можеме“ ги претстави мерките што тие како влада би ги презеле за „Грција да оди напред“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top