Мицотакис го „провоцираше“ гостинот Заев со новото лого, но тој бил задоволен од средбата

Премиерот Зоран Заев по вчерашната средба со Киријакос Мицотакис на Самитот во Солун рече дека го информирал шефот на грчката Влада за напредокот во спроведувањето на Договорот од Преспa/.

Запрашан да го коментира новото лого за производи од македонскиот регион што беше претставено на Самитот во Солун истиот ден во присуство на Мицотакис, Заев рече дека сè уште не го видел, но додаде дека има меѓународни регулативи за овие прашања и изрази уверување дека ќе се најде најдобро решение за заштита на брендовите, производството, историјата и гордоста, „бидејќи тоа е она што го прават пријателите“.

„Ние сме пријатели и ќе продолжиме да бидеме пријатели“, рече Заев, откривајќи дека го поканил Мицотакис да ја посети Северна Македонија и се надева наскоро и дека грчките министри до крајот на 2019 година ќе го посетат Скопје.

Тој, исто така, потврди дека зборувале за билатерална трговија, бидејќи Грција е втор најголем трговски партнер на Македонија и трет по големина инвеститор во земјата.

Заев имаше и средба со поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, еден од најзаслужните за постигнувањето на Преспанскиот договор. На новинарско прашање, тој истакна дека премиерот на Македонија му кажал дека е задоволен од однесувањето на Мицотакис и дека комитетите за производи и учебници напредуваат, но можеби ќе треба забрзување.

„Рековме колку е пријатно секој пат кога сме тука. Тоа е многу пријателска, продуктивна и прогресивна клима“, 

Темите на состанокот, како што истакна Бутарис, биле развој на врската со музејот на холокаустот во Скопје, еколошката организација со која веќе работи Арктурос, како и прашањето за преговорите за пристапување во ЕУ по француското вето.

„Заев е сериозен политичар, тој не брза, тој има многу прогресивна перцепција за својата земја и мислам дека треба да одговараме на таквата иницијатива за развој на пријателства меѓу народите. Соседните земји треба да имаат пријателски односи и да не бидеме во борба “, рече Бутарис.

Премиерот на Северна Македонија, исто така, даде изјави за неговата средба со поранешниот градоначалник на Солун, велејќи дека „двете земји се пријателски“.

„Јас градам пријателство со секого во Грција“, рече Заев, додавајќи дека тој и Бутарис разговарале, меѓу другото, за подобрувањето на односите меѓу двете земји и експлоатацијата на културата во оваа насока.

Изгледите за Македонија за влез во НАТО и Европската унија беше во центарот на состанокот што се одржа денес на маргините на Самитот во Солун 2019 од страна на американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, и премиерот Заев..

„Одлична дискусија со премиерот Зоран Заев за силната поддршка на САД за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ и за важната улога што Грција ја игра во оваа евроатлантска иднина преку зајакнување на одбраната и безбедносната соработка во енергетиката, трговијата и инвестициите“, објави американскиот амбасадор на Твитер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top