Михајловски: Поразот беше единствената домино коцка што може да го турне Никола Груевски

Фејсбук статус на Тони Михајловски.

Актерот Тони Михајловски, кој во последниот период беше помалку активен вчера се огласи со статус на својот фејсбук профил, обвинувајќи ги „вмровците“ што му свртеле грб на лидерот на партијата Никола Груевски за локалните избори.

– Вие, и тие, велите дека раководството било нечесно, а вие бевте едно со раководството. Дека не работело како треба, а вие бевте тие што работевте со раководството. Со најтесното. Трпевте или трпавте? Кога го дознавте тоа? Кога ви се јавија да ви кажат? Трепетот на предавството, лагата која ве поти, стравот кој ви ја суши устата ве издаваат дека одработувате и дека сте алчни за пари. Се друго е добредојдено. И не е завршен инженерингот. Крајот допрва треба да дојде. На „нив” им треба ново реформирано ВМРО-ДПМНЕ. По можност без ВМРО. На „нив” најмногу им треба ново раководство кое вие и тие заедно ќе го составите. Поразот беше единствената домино коцка што може да го турне Никола Груевски. И тој се случи. После 12 победи само спектакуларен пораз доаѓаше во обѕир, а вие учествувавте во него. Не за пари. За многу пари.  И на еден друг лидер му се свртеа грб. И се откажаа од него. Тогаш го уништуваа “љубчовизмот” кој ја доведе земјата до пропаст. Сега “груевизмот” е на мета. Уствари го уништуваат вмроизмот ако тоа така се вика. – напиша Михајловски на својот фејсбук профил. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top