Мијалков ја слушна тригодишната пресуда за „Титаник 2“ и беше однесен во притвор

Го донесоа на пресуда, па го пречекаа во Шутка. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков доби три години затвор, а правосилноста на пресудата ќе ја дочека во притвор.

Овој пат Мијалков зад решетки влегува за случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности. Доби затворска казна од три години, за примање наградата за противзаконско влијание. Пред затворот го чекаше неговиот син со уште неколкумина.

Таму влезе и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими, кој беше однесен со лисици на рацете. Ибраими доби највисоката затворска казна од четири и пол години. Иако негодуваа за притворите, сепак судот го одобри барањето на СЈО.

„Стилот на моето живеење однесување не е бегањето. Односно, сакам да кажам, јас никогаш немам бегано“, рече Мијалков пред судот.

„Немам потреба да бегам, никаде, тука ќе останам и на в лице нејзе (Фатиме Фетаи) да ѝ се смејам, утре, затоа што ова е првостепена пресуда“, потенцираше Ибраими во кривичен.

Во кривичниот суд Мијалков ја слушна првата пресуда. Судот за виновни ги прогласи и лидерот на ДПА Мендух Тачи, меѓу поранешните членови на ДИК и Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска, кои имаат обврска да се јавуваат во суд.

„Обвинетиот Мендух Тачи, обвинет за кривично дело злоупотребата на службена положба и овластување согласно член 353 став 5 во врска со став 1 во врска со член 23 од кривичниот законик е виновен па судот го осудува од казна затвор во траење од три години и два месеци. Обвинетиот Бедредин Ибраими, обвинет за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, согласно член 353 став 5 во врска со став 1 во врска со член 22 од кривичниот законик е виновен, па судот го осудува на казна затвор во траење од четири години и шест месеци. Обвинетиот Влатко Сајковски, обвинет за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, согласно член 353 став 5 во врска со став 1 во врска со член 22 од кривичниот законик е виновен, па судот го осудува на казна затвор во траење од три години. Обвинетиот Сашо Срцев, обвиент за кривично дело злоупотребата на службена положба и овластување согласно член 353 став 5 во врска со став 1 во врска со член 22 од кривичниот законик е виновен па судот го осудува од казна затвор во траење од три години. Обвинетитата Анета Стефановска, обвинета за кривично дело злоупотребата на службената положба и овластување согласно член 353 став 5 во врска со став 1 во врска со член 22 од кривичниот законик е виновена, па судот ја осудува на казна затвор во траење од три години. Обвинетиот Сашо Мијалков, обвиент за кривично дело примање на на награда за противзаконито влијание во членот 359 став 5 во врска со ставот 4 од кривичниот законик е виновен, па судот го осудува на казна затвор во траење од три години. Обвинетите се задолжуваат солидарно да ја надоместат причинетата материјална штета, како и да ги надоместат трошоците на кривичната постапка“, се вели во пресудата на кривичниот суд, која ја презентираше судијата Огнен Ставров.

Затворските казни нема да се извршат веднаш, бидејќи се осудени во првостепена постапка и имаат право на жалба до Апелацискиот суд. Во обвинението е наведено дека Мијалков како шеф на УБК и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ во 2013 на локалните избори го искористил своето влијание и моќ преку лидерот на ДПА Мендух Тачи и договорил преку членот на ДИК Ибраими да се усвојат преговорите за прегласување на избирачки места во Струмица. Судењето „Титаник 2“ за изборните нерегуларности почна во април минатата година.

Извор: 1тв


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top