Мијалков за притворот ќе се жали на Апелација

Притворот на Сашо Мијалков му го одредил претседателот на судечкиот совет во предметот „Таргет и Тврдина“, односно судијката Џенета Бектовиќ..

-Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор против С.М. опфатен со обвинителен предлог во предметот со КОК. Бр. 47/17 од обвинителството означен како „Таргет/Тврдина“, судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 470 став 1. точка 1. од ЗКП.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје во рок од 24 часа по приемот на решението, информираат од Кривичниот суд.

Адвокатите на Мијалков пак вечат дека веќе ја спремаат жалбата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top