Микел Артета за коронавирусот, за симптомите и како ја прележал болеста

Повеќе од 500.000 луѓе ширум светот се заразени од Ковид-19 и има над 23.500 смртни случаи од почетокот на пандемијата..

Дел од оние кои беа заразени е и тренерот на Арсенал, Микел Артета, чиј тест направен на 13-ти март беше позитивен. Но, сега тој целосно се опорави.

За официјалната интернет страница на клубот открива како се чуствувал во тоа време. Вели најмногу бил загрижен за семејството.

-Симптомите почнаа во моментот кога добивме телефонски повик од клубот за да не известат дека е можно да сме изложени на вирусот поради сопственикот на Олимпијакос. Не знам, чувствував нешто во мене, дека го имав, вели Артета.

Потоа раскажа што направи, два дена пред пресметката со Манчестер Сити.

-Побарав состанок со раководството на клубот, и веднаш реков, слушајте, имаме неколку играчи кои се изложени. Има огромен ризик и јас сум првиот што ги чувствува симптомите, многу јасни симптоми. А, ако е така, сите играчи и луѓето поврзани со клубот секојдневно контактираат со мене, така што мораме да донесеме одлука, мора да разговараме со челниците на Премиер Лигата, со Манчестер Сити за одложување на мечот и одлуката треба да ја донесеме што поскоро, вели Артета.

– Тогаш сфаќате: Леле, секој може да биде изложен, ова е многу сериозно, и започнувате да размислувате за луѓето со кои сте биле во контакт и со другите луѓе што можат да бидат поврзани со нас, вели тренерот на Арсенал и притоа додава:

-Во однос на симптомите, тоа беше нормален вирус за мене. Имав три или четири дена кои беа малку тешки, со малку температура и сува кашлица и некои непријатност во градите. Тоа беше тоа, завршува Артета.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top