Милан го промени својот грб поради пандемијата на коронавирусот

Интер Мајами го промени својот грб поради коронавирусот, а сега истиот потег го направи и Милан..

Милан уште еднаш сакаше на сите да им покаже дека мора да се почитуваат мерките за изолација додека трае пандемијата на коронавирусот, како и неопходното одржување социјална дистанца со останатите луѓе со цел да се избегне зараза.

„Росонерите“ по примерот на Интер Мајами одлучија да го променат својот грб додека трае целиот овој хаос.

Имено, тие го „разделија“ традиционалниот грб на три дела укажувајќи на тоа дека социјалната дистанца е од круцијално значење за да се спречи коронавирусот, како и дека сите ќе бидат повторно едно кога ќе заврши оваа пандемија.

„Одржувањето дистанца ќе не врати повторно назад сите заедно“, порачаа од Милан.


Scroll To Top