Милан негира дека ќе го продава Балотели

Марио Балотели, пред една година пристигна во Милан од Манчестер Сити.

Фудбалскиот клуб Милан, демантираше дека Марио Балотели ќе биде продаден во јануарскиот преоден рок, наведувајќи дека се невистинити информациите за продажбата на напаѓачот.

Весникот „Il Secolo XIX“, кој излегува во Џенова, ја објави изјавата на првиот човек на Милан, Силвио Берлускони, во која се вели дека тој не бил задоволен од однесувањето на Балотели и дека наредил тој експресно да биде продаден во јануари.

„Апсолутно ги негираме изјавите кои му се припишуваат на претседателот Берлускони и повторуваме дека е невозможно Балотели да биде продаден“, се наведува во соопштението на Милан.

Марио Балотели, пред една година пристигна во Милан од Манчестер Сити, тој во дресот на овој клуб одиграл 33 натпревари и постигнал 21 гол.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top