Милан победи, но ставот на клубот кон Монтела е како пораз за „Росонерите“

Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели, го рече тоа што повеќето навивачи можеби и не сакаат да го слушнат, а тоа е дека тренерот Монтела ја има нивната поддршка..

Милан синоќа со победа над Сасуоло од 2:0, можеби и го сочува тренерот Монтела на клупата одреден период, но тоа не значи дека во иднина тој нема да биде отпуштен.

Монтела ја има нашата доверба. Работиме секојдневно да обезбедиме проект кој ќе не однесе напред. Знаеме дека постојат потешкотии, можеби и не ги очекувавме тие работи, но работиме на отстранување на истите. Без оглед дали ми верувате или не, фокусирани сме на нашиот тренер Монтела“, истакна Мирабели.

Милан минатото лето вложи значајни средства, финансискиот дел на клубот одобри преку 200 милиони евра на засилувања, но сепак, или се уште ги нема соодветните резултати кои ги бараа од играчите и тренерот. Милан е седмопласиран со 19 бодови на табелата, далеку зад фаворитите за титулата, Наполи, Јувентус и Интер.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top